16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТДронови камикази го гаѓаа центарот на Киев: Руската армија со беспилотни летала...

Дронови камикази го гаѓаа центарот на Киев: Руската армија со беспилотни летала удри по енергетската инфраструктура на главниот град

Русите со дронови камикази „Герањ-2“ го гаѓаа центарот на Киев. Пет удари со беспилотни летала предизвикаа пожар, густ чад е забележан над зградата на националната енергетска компанија „Укренерго“.

Беа погодени уште неколку згради, потврди градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко.

Украинскиот премиер Денис Шмигаљ изјави дека енергетската инфраструктура во Киев е оштетена, поради што е изгубена струја во стотици населени места. Додека во Москва тврдат дека ги погодиле сите цели, во Киев велат дека собориле дури 36 беспилотни летала од вкупно 42 кои учествувале во нападот. А министерот за полиција на Украина Денис Монастирски изјави дека во нападот на Киев учествувале 30 руски беспилотни летала, од кои 25 биле соборени.

Освен во Киев, рано наутро е прогласена опасност од воздух и во неколку региони на југот и центарот на Украина. Граѓаните побегнаа во засолништата во регионите Житомир, Виница, Черкаси, Кировоград, Николаев и Одеса. Подоцна, сирените се огласија во регионите Дњепропетровск и Полтава, каде што беа мета и објектите на енергетската инфраструктура. Во Одеса, инфраструктурните објекти беа погодени од ракета од авиони со висока прецизност Х-59. Во Харков метрото престана да работи поради прекин на струја.
Надлежните апелираат граѓаните да штедат електрична енергија за да не дојде до целосен колапс.
И во пристанишниот град Николаев погоден е магацин за гориво и нафта, пожарот подоцна е локализиран. Од друга страна, украинската армија продолжи да гаѓа цивилни објекти во Доњецк, Горловка и Макеевка. Украинската артилерија користи западно оружје што го добила од членките на НАТО. Сите користат гранати од калибар 155 mm.

Покрај таргетирањето на енергетските објекти, руската авијација заедно со артилерија ги гаѓаше и позициите на две механизирани бригади на украинската армија. Министерството за одбрана на Русија тврди дека уништиле четири украински транспортери, потоа артилериско оружје, како и околу 160 војници во областа Харков. Во правец на Лисичанск беа уништени и шест украински тенкови и голем број војници.

Поради големиот број загинати и ранети во Киев, не можат да сокријат дека нивните единици во Донбас се во тешка ситуација, што го потврди и претседателот Зеленски.

Сега во Киев никој не зборува за брза победа на украинската армија. Иако признаваат дека најмногу се бранат, во Киев изјавија дека убиле повеќе од 320 руски војници, уништиле осум тенкови и собориле 17 дронови.

Во Киев најавија дека наскоро треба да добијат оружје од Израел. Поранешниот претседател и премиер на Руската Федерација Дмитриј Медведев изјави дека доколку тоа навистина се случи, добрите односи меѓу двете земји ќе се влошат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП