24 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкок на платите во Словенија за 1,1 процент

Скок на платите во Словенија за 1,1 процент

slovenija2

Просечната месечна плата во Словенија во јули изнесувала 990 евра, што е реално повеќе отколку во јуни за 1,1 процент, соопшти државниот Завод за статистика.

Просечната месечна бруто плата за јули достигнала 1.510 евра и во споредба со јуни била реално поголема за 1,3 проценти.

Најдобро платени работници биле тие во дејноста за снабдување со електрична енергија, гас и пареа, а најслабо платени тие кои работеле во угостителството и градежништвото.

Во јавниот сектор платата останала непроменета, во државниот сектор се намалила за 1,1 процент, додека во приватниот сектор се зголемила за 1,5 проценти, наведува Заводот за статистика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар