28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарим Бензема ја доби „Златната топка“

Карим Бензема ја доби „Златната топка“

Францускиот репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид, Карим Бензема, е добитник на „Златната топка“ на „Франс Фудбал“. Тој го предводеше Реал Мадрид до титулата во Лигата на шампионите и до трофејот во Ла Лига. Имаше неверојатна сезона и сосема заслужено е лауреат за сезоната 2021/22. Тој беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите и најдобар стрелец на Ла Лига.

Бензема доби најголем број гласови од 100 спортски новинари од целиот свет.

„Ова е неверојатно признание и имам голема чест да го имам за себе. Се разбира, го делам со сите соиграчи од Реал Мадрид и од репрезентацијата на Франција. Благодарност до сите кои имаа удел во мојата кариера, не беше лесно да се стигне тука. Посебна благодарност до моето семејство, до претседателот Флорентино Перез, до навивачите, до сите кои ми даваа поддршка и кога не беше лесно. Имам два фудбалски идоли, Зинедин Зидан и Роналдо и двајцата се овде вечерва со мене, навистина сум среќен“, изјави Карим Бензема.

Втората позиција во изборот на „Франс Фудбал“ му припадна на Садио Мане, третопласиран е Кевин де Брујне, а потоа следуваат Роберт Левандовски и Мохамед Салах.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП