19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХабек: Путин е Крив за економските проблеми на Европа!

Хабек: Путин е Крив за економските проблеми на Европа!

Германскиот министер за економија и клима Роберт Хабек денеска во Прага ги обвини руските власти и рускиот претседател Владимир Путин за економските проблеми на Европа: дека тие намерно и свесно ја предизвикале економската криза и проблемите на Европејците и бизнисите во Европската унија во обид да ја дестабилизираат и да ја уништи демократијата.

„Високите цени на енергијата и високата инфлација можат да го уништат европскиот економски модел. Уништувањето на економскиот модел ќе ја уништи и социјалната стабилност во општеството и на крајот демократијата. Сето ова е дел од судирот со Русија на Путин“, рече Хабек на чешко-германскиот Економски форум во Прага.

Германскиот министер истакна дека инфлацијата е поттикната од цените на енергетските производи, а причините за тоа се надворешни и поради ограничувањето на испораките од Русија, пренесуваат чешките медиуми.

„Ниту една европска влада не одлучи да го ограничи снабдувањето со гас и со тоа да ја зголеми неговата цена, сето тоа е предизвикано од чекорите преземени од руската страна. Она што се случува, што треба да трпат компаниите, за што страдаат луѓето во Европа, беше намерно. Тие намери се гледаат од јавните настапи на Путин“, рече Хабек.

Германскиот функционер рече дека сега е време ЕУ како целина да најде решение за поставување ограничувања на растот на цените на гасот, како што веќе е направено со струјата.

Хабек додаде дека е уверен оти Европа ќе ја надмине гасната криза бидејќи складиштата се пополни од лани во исто време, а верува и дека може да се очекува пад на цената на гасот веќе во пролет и лето.

Роберт Хабек исто така предупреди дека на Русија не смее да и се попушти, како што не смее да се поколеба во помагањето на Украина, бидејќи во спротивно Русија ќе успее да дестабилизира широк дел од територијата од балтичките земји до Грузија.

Германскиот министер за индустрија и клима денеска ќе разговара со чешкиот министер за индустрија и трговија Јозеф Сикел за решенија за високите цени на енергијата и инфлацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП