Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 % во однос на одлуката од 12.10.2022 година.
Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ не се менува. Малопродажните цени на „евросупер БС-98“ се зголемува 0,50 денари/л. Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денари/л.

