6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: Нашата економија значително закрепна, покажа отпорност

Кина: Нашата економија значително закрепна, покажа отпорност

Економијата на Кина значително закрепна во третиот квартал, покажувајќи поголема отпорност на пандемијата и екстремните временски услови, изјави за медиумите шефот на државната агенција за економско планирање Жао Ченсин.

Говорејќи пред новинарите на Конгресот на Комунистичката партија, Ченксин ги призна „тешкотиите и предизвиците“ и „неочекуваните шокови“ во оваа година.

„Евидентирани флуктуации, но економијата закрепнува“

„Поради пандемијата на коронавирус, екстремните временски услови и други неочекувани фактори, економијата бележи одредени флуктуации, но сега закрепнува и покажува поголема отпорност“, рече првиот човек на комисијата што подготвува петгодишни економски планови.

Заводот за статистика утре ќе ги објави податоците за третиот квартал.

Економската активност е попречена од политиката на нулта толеранција кон коронавирусот, карантините и масовните тестирања, а се проценува дека Владата нема да ја постигне планираната стапка на раст од 5,5 проценти годинава.

„Остатокот од Азија расте побрзо од Кина“

Светската банка очекува кинеската економија да порасне за само 2,8 отсто оваа година, најслаб во последните четири децении, без 2020-та година, првата година од пандемијата. Меѓународниот монетарен фонд процени раст од 3,2 отсто.

„За прв пат од 1990-та година, остатокот од Азија расте побрзо од Кина“, рече Јоерг Вутке, претседател на Стопанската комора на ЕУ во Кина. „Остатокот од Азија поинаку пристапи кон Ковид-пандемијата и се врати во нормала“, објасни Вутке.

Поинаков пристап се одразува и во проценката на Светска банка дека економијата на азискиот регион, без Кина, ќе порасне за 5,3 отсто во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП