Институтот за развој на електронски комуникации четврта година по ред, објавува краток осврт за Поглавјето 10, како и за деловите што се однесуваат на медиумите, информатичкото општество и дигиталната трансформација, во однос на Извештајот од Европската комисија за напредокот на Македонија за почетокот на преговори за членство во Европската Унија.
Европската комисија смета дека Македонија е умерено подготвена или подобро кажано има ограничен напредок во сферата на медиумите и информатичкото општество. ИНРЕКОМ смета дека и овој извештај дава реална слика, како и во минатото, а во однос на медиумската сфера и дигитализацијата на македонското општество.

