9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоинаков поглед на светот: Не мора да бидеме милионери за да бидеме...

Поинаков поглед на светот: Не мора да бидеме милионери за да бидеме привилегирани

Ако имате сопствен или изнајмен покрив над главата, јадете три оброци дневно, пиете чиста вода, имате мобилен телефон, можете да пребарувате на Интернет и сте завршиле факултет, вие сте во привилегирана група која брои помалку од 7 % од светското население. Ако имате над 65 години, бидете среќни и благодарни. Во сегашните услови, од секои 100 луѓе на планетата, само осум од нив имаат шанса да живеат подолго од 65 години.

Во моментов на Земјата живеат околу 7,8 милијарди луѓе. За повеќето луѓе, тоа е само голема бројка и тие нема да размислуваат подалеку од тоа. Колку и да се здодевни процентите, тие понекогаш многу сликовито го прикажуваат светот околу нас, од поинаква перспектива што не ја гледаме на прв поглед. Токму тоа го направија стручњаците кои соработуваат со ТВ мрежата „Animal Plenet“ – светот го мереле во проценти, со намера да го видат пообјективно, но и со мудрост.

Иако ова е програма која го истражува животинскиот свет, анализата што следи се занимава со луѓето. Еве како нејзините автори го опишаа нашиот свет и какви заклучоци донесоа.

Од 7,8 милијарди жители на Земјата, односно 100% од нив:

11% живеат во Европа
5% живеат во Северна Америка
9% живеат во Јужна Америка
15% живеат во Африка
60% живеат во Азија
&
49% живеат на село
51% живеат во градови
&
12% зборуваат кинески
5% зборуваат шпански
5% зборуваат англиски
3% зборуваат арапски
3% зборуваат хинди
3% зборуваат бенгалски
3% зборуваат португалски
2% зборуваат руски
2% зборуваат јапонски
62% го зборуваат својот мајчин јазик
&
77% имаат сопствена или изнајмена куќа
23% немаат каде да живеат
&
21% трошат повеќе калории отколку што е потребно
63% можат да си дозволат три целосни оброци
16% се неухранети, после последниот оброк не знаат кога ќе го изедат следниот
&
48% од луѓето живеат со помалку од два долари на ден
&
87% имаат чиста вода за пиење
13% немаат пристап до вода или таа е загадена
&
75% имаат мобилни телефони
25% не
&
30% имаат пристап до интернет
70% не можат да се поврзат на светската мрежа
&
7% се стекнале со високо образование
93% не посетувале факултет
&
83% знаат да читаат
17% се неписмени
&
33% се христијани
22% се муслимани
14% се хиндуси
7% се будисти
12% се од други вери
12% се атеисти
&
26% живеат помалку од 14 години
66% починале на возраст од 15 до 64 години
8% се постари од 65 години

Ако имате сопствен или изнајмен покрив над главата, јадете три оброци дневно, пиете чиста вода, имате мобилен телефон, можете да пребарувате на Интернет и сте завршиле факултет, вие сте во привилегирана група која брои помалку од 7 % од светското население. Што и да мислите за вашиот живот, вие припаѓате на светската елита од која е исклучено мнозинството од човештвото.

Во сегашните услови, од секои 100 луѓе на планетата, само осум од нив имаат шанса да живеат подолго од 65 години.

Ако имате над 65 години, бидете среќни и благодарни. Ако не си заминал од овој свет пред 64-годишна возраст, како 92% од луѓето кои поминале пред тебе, веќе си благословен меѓу човештвото.

Грижете се за вашето здравје бидејќи никој не може да се грижи за тоа повеќе од вас. Уживајте во секој преостанат момент и не се жалете, велат од ТВ мрежата „Animal Plenet“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП