8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Димовски на Саем за свежо овошје и зеленчук во Москва

Министерот Димовски на Саем за свежо овошје и зеленчук во Москва

dimovski

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски престојува во дводневна официјална посета на Руската Федерација, каде  ќе го посети Саемот за свежо овошје и зеленчук „World Food“ што се одржува од денеска до 20 септември.

На саемот годинава со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство учествуваат 12 македонски компании меѓу кои Агро-лозар, Вега Мак, Туран, Хина, Бонум, Витаминка, Кадино индустри, Коро, Агрофруктус…

Планирано е министерот Димовски да го посети македонскиот штанд и да се сретне со македонските изложувачи.

Саемот се протега на површина од 56.240 метри квадратни и претставува можност за воспоставување на соработка меѓу компаниите од двете држави.

За време на посетата, Димовски ќе оствари средба и со претседателот на Македонско-рускиот комитет на која се очекува да се разговара за можностите за унапредување на трговската размена преку либерализација на трговскиот режим, зголемување на обемот на руските инвестиции во областа на земјоделството, како и зголемување на пласманот на македонските производи на рускиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП