15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТШто се дронови камикази со кои Русија ја напаѓа Украина? (ВИДЕО)

Што се дронови камикази со кои Русија ја напаѓа Украина? (ВИДЕО)

Украинските власти тврдат дека руските сили се повеќе користат таканаречени дронови камикази во нападите врз земјата.

Ноќта од петокот кон саботата, тврдат Украинците, градот Запорожје бил нападнат од четири камикази беспилотни летала. Украинските власти тврдат дека Русите користеле вакви беспилотни летала во нападите врз Киев, Виница, Одеса и низа други украински градови во изминатите неколку недели, пишува Index.hr.

Украинските власти ги молат западните земји да им помогнат во борбата против оваа нова закана, додавајќи дека тие самите развиваат технологија која треба да им помогне во борбата со беспилотните летала камикази.

Што се дронови камикази?

Беспилотни летала камикази или самоубиствени дронови се еден вид воздушно оружје. Тие имаат можност да чекаат или лебдат над областите каде што се очекуваат потенцијални цели за напад, а потоа да нападнат кога целите ќе се идентификуваат.

Ваквите дронови можат да носат околу 50 килограми експлозив. Тие се мали и преносливи и лесни за ракување. Нивната главна предност е што тешко се откриваат и можат да бидат лансирани од релативно голема оддалеченост од целта.

Името „камикази“ се однесува на фактот дека е потрошен материјал. Тие се дизајнирани да напаѓаат зад непријателските линии и се самоуништуваат во напади, за разлика од традиционалните, поголеми и побрзи воени беспилотни летала кои се враќаат во базата по фрлање експлозив или муниција.

Зеленски: Русија нарача 2.400 ирански беспилотни летала од Иран

Украинската војска и американските разузнавачки служби тврдат дека Русија користи беспилотни летала камикази од Иран. Американските власти во јули изјавија за Си-Ен-Ен дека Иран почнал да испорачува беспилотни летала Шахед на Русија еден месец порано. Иран негира дека испратил оружје во Русија за употреба во војната во Украина, пренесува Index.hr.

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, Русија нарачала 2.400 беспилотни летала Шахед од Иран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП