23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБектеши и Ковачевски се сликаа во топлана Исток, грејната сезона почна со...

Бектеши и Ковачевски се сликаа во топлана Исток, грејната сезона почна со 85 згради без парно

Дел млаки, дел ладни радијатори – вака почна грејната сезона, која министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски ја означија со посета на топланата Исток. Двајцата уверуваа дека нема да има рестрикции на парно, а за жителите на 85 згради кои се разбудија со ладни радијатори, вината ја гледаат во граѓаните, а не во ЕСМ.

„Одговорноста е кај граѓаните, не кај ЕСМ. Пуштени се топланите исток и запад. Самите граѓани мора да ја примат топлинската енергија. Со оглед дека има повисоки температури, во 09:15 прекина работата на котлите. Утринава во 5:50 часот беа пуштени топланите при температура од 9 степени, истите работеа до 9:15 минути кога се постигна надворешна температура од 12 степени и притоа во овој период беа испорачани 997 мегават часови топлинска енергија“, рече Ковачевски.

Владата ја одбрала опцијата природен гас да се набавува на две недели. Образложението е дека цените на гасот опаѓале, па така ќе заштеделе пари. Ако природен гас нема на пазарот, план Б е топланите да работат на дизел гориво, како помал загадувач од мазутот, кој во минатите години беше втора опција за обезбедување на топлинска енергија.

„Имаме обезбедено енергенс до крајот на месецов, а следствено на тоа како понатаму ќе функционира приватната гасна централа ТЕ-ТО ќе знаеме дали ќе повлекуваме топлинска енергија од ТЕ-ТО или и понатаму целосно ќе произведуваме топлинска енергија во нашите топлани коишто ги имаме под закуп од АД „Адора“ во топланите Исток и Запад“, рече директорот на ЕСМ.

Останува проблемот и со топланата Север со која стопанисува Топлификација, која пак е под стечај и која опфаќа околу 500 домаќинства. Васко Ковачевски вели дека има долгови кон ЕСМ за помошта која ја дале минатата сезона и досега немало никаква иницијатива од нивна страна за се подмири долгот и да се најде начин како да работат зимава.

A.T

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП