
На интернет се појавија наводните спецификации за смартфонот „Harmony“ на компанијата „HTC“.


На интернет се појавија наводните спецификации за смартфонот „Harmony“ на компанијата „HTC“.
Уредот наводно ќе биде базиран на „HTC One“, а ќе ја користи најновата верзија на оперативниот систем „Windows Phone 8“.
Во спецификациите објавени на интернет се наведува дека „HTC Harmony“ ќе понуди 32GB меморија, 4,7-инчен „Super LCD-3“ екран со резолуција од 1080 пиксели, како и 2GB рам-меморија.
Останатите спецификации вклучуваат „Beats Audio“ технологија и истата „Ultrapixel“ камера која користи и „HTC One“.
Постојат гласини кои велат дека и „HTC“ работи да создаде свој оперативен систем.
Смартфонот „HTC Harmony“ ќе биде претставен во ноември.