19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопјани утрово се разбудија со топли радијатори

Скопјани утрово се разбудија со топли радијатори

Скопјани утрово на првиот ден од грејната сезона се разбудија со топли радијатори откако „Електрани“ на Северна Македонија ги доби потребните лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, велат од владејачката СДСМ.

Според нив, 60.000 домаќинства од денес па до крајот на грејната сезона ќе имаат затоплување на своите домови затоа што Владата го презеде управувањето со парното греење откако Град Скопје се откажа од него.

Трите топлани имаат можност да работат на природен гас или на мазут, а по потреба и на дизел, додека когенеративната електрана ТЕ-ТО, која е во приватна сопственост, може да работи само на природен гас. Доколку таа работи задоволува 70 проценти од потребите за греење на скопјани, а останатите 30 проценти ги покриваат топланите Исток и Запад

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП