21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМарк Кјубан: Десет совети од познатиот милијардер

Марк Кјубан: Десет совети од познатиот милијардер

cuban

Марк Кјубан, американскиот милијардер “тежок” 2,8 милијарди долари, можеби најдобро познат по тоа што е сопственик на НБА тимот Далас Маверикс, и кој го има сам направено своети богатство, во својата книга “If I can do it, You can’t do it” го опишал својот пат кон успехот.

– Секој кој започнал свој бизнис има свои правила и насоки, рече тој.

Ова се десетте совети кои ги испраќа до младите претприемачи.

 

1.   Не отварајте сопствена компанија доколку тоа не е ваша опсесија или голема љубов.

 

2. Доклолку имате однапред разработена излезна стратегија, таа работа не е вашата опсесија.

 

3. Вработете луѓе кои сметате дека ќе сакаат да работат во такво опкружување.

 

4. Продажбата лечи се

Детално разработете план на кој начин вашата компанија ќе заработува пари, и на кој начин ќе го остварите планот за продажба.

 

5. Бидете свесни за своите предности и компетенции, фокусирајте се на нив и бидете најдобри во својот бизнис

Платете луѓе кои имаат најдобри вештини. Освен за главната активност, вработувајте луѓе кои лесно ќе се вклопат во вашата корпоративна култура, и гледајте да не бидат премногу „скапи“.

 

6. Апарат за еспресо? Се шегувате?

Ручек е шанса да ја напуштите канцеларијата и да разговарате. Денот има 24 часа, а ако луѓето го сакаат она што го работат, ќе најдат начин да поминуваат повеќе време работејќи ја својата работа.

 

7. Канцелариите се непотребни

Отворените простори овозможуваат да бидете во тек со сегашното темпо на работа и овозможуваат чувство на заедница. Ако вработениот има потреба за приватност, испратете го во тоалетот, каде што ќе може да се заклучи и да биде сам. Во start-up компаниите не постои ништо приватно. Мојот најголем страв беше можноста дека случајно ќе вработам некој кој сака да изгради бизнис империја.

Бегајте подалеку од луѓето што сакаат да летаат со прва класа или сакаат да имаат лична секретарка. Таа не ви е потребна и ќе ви ја загади целата компанија.

 

8. Компанијата треба да биде на едно ниво

Доколку имате менаџери кои им одговараат на други менаџери над нив, најверојатно ќе пропаднете.

Откако ќе се проширите надвор од start-up бизнисот, можете да вработувате менаџери кои потоа ќе бидат одговорни за креирање на нови работни места.

 

9. Не трошете пари на непотребни работи

Сигурен знак за пропаст на start-up компанија е кога ќе почнете да делите наоколу поло маици со вашето лого.

Доколку се рекламирате на некој саем или настан, нормално е на своите вработени да им поделите препознатлива облека, но ако мислите дека тие ќе ја носат таа облека и на работа многу грешите, и очигледно немате подобра идеја за тоа како да ги трошите вашите пари.

 

10. Работата нека им биде забавна на вашите колеги

Контролирајте го нивото на стрес во канцеларијата и наградувајте го секое постигнување успех на вашите вработени. Во мојата прва компанија – MicroSolutions, откако имавме рекордна продажба во еден месец, или некој кога ќе направеше нешто посебно, се шетав во канцеларија со банкноти од сто долари и им ги делев на луѓето од тимот за продажба. Имавме дури и официјален пијалок во компанијата – Камиказа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП