14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнгела Меркел ја брани Русија: Не жалам за одлуката во врска со...

Ангела Меркел ја брани Русија: Не жалам за одлуката во врска со рускиот гас

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја брани претходната одлука за поврзаноста на Германија со рускиот гас и вели дека не се кае.

-Од перспектива на времето, беше многу рационално, разбирливо да се увезе гас од Русија, кој беше поевтин од течниот нафтен гас од другите делови на светот – САД, Саудиска Арабија, Катар, рече Меркел на состанокот на Фондацијата „Kaluste Gulbenkian“ во Лисабон.

Германските медиуми јавуваат дека Меркел рекла дека при трансформацијата било јасно дека на Германија и треба гас, за еден ден целосно да се сврти кон други извори на енергија кои не и штетат на климата.

Таа нагласи дека Владата секогаш постапува врз основа на состојбите во моментот кога треба да носи одлуки.

Тaa вели дека на германската политика и било јасно дека треба да се преструктуира целокупното снабдување со енергија.

-Ја напуштивме нуклеарната енергија. Сакавме чекор по чекор, а тоа го сакам сега, да излеземе и од јагленот, објасни Меркел.

Таа истакна дека и за време на Студената војна Русија била сигурен снабдувач на енергија.

-Никогаш не верував дека има нешто како промена преку трговија, но верував во поврзување преку трговија. Затоа не се каам за мојата одлука, но верувам дека беше исправна од перспектива на времето – изјави Меркел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП