17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТТурција: За дезинформации затворска казна

Турција: За дезинформации затворска казна

Парламентот на Турција усвои закон со наводна цел да се бори против лажните вести и дезинформациите, а критикуваниот член 29 предвидува затворска казна за ширење дезинформации.

Пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и сојузниците од Партијата за национално движење (МХП), кои заедно имаат мнозинство, го одобрија законот дури и кога пратениците од опозицијата, европските земји и активистите за медиумски права побараа законот да не да биде донесен, пренесе Ројтерс.

„Замолчување на владините критичари“

Најконтроверзната одредба, член 29, предвидува казна до три години затвор за ширење информации кои се „спротивни на вистината“ за безбедноста, јавниот ред и здравје на Турција, кои наводно имаат намера да предизвикаат загриженост и паника кај јавноста.

Опозицијата соопшти дека овој напис има за цел да ги замолчи критичарите на власта пред претседателските и парламентарните избори закажани за јуни следната година, пренесува Бета, повикувајќи се на АП.

Критичарите предупредуваат дека корисниците на социјалните мрежи може да бидат притворени доколку споделат содржина што владата ја смета за лажна.

„Тие што велат „Имаме сиромаштија“ ќе одат во затвор. Оние кои велат „Имаме корупција“ ќе одат во затвор“, рече Енгин Алтај, претставник од главната опозициска Републиканска народна партија.

Бурни седници на Собранието

Гласањето следеше по бурните седници во парламентот, каде претставниците на опозицијата ја прекинаа расправата и го осудија, како што велат, законот за цензура.

Венецијанската комисија, која го советува Советот на Европа, во пресрет на гласањето изјави дека е особено загрижена за „потенцијалните последици од таквата одредба“, односно „застрашувачките ефекти и зголемената самоцензура“.

Ердоган се залагаше за законот, велејќи дека лажните вести и растечкиот „дигитален фашизам“ се закана за националната и глобалната безбедност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП