9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМасакр во Америка, убиени пет лица! Полицијата го блокираше градот, уапси тинејџер!...

Масакр во Америка, убиени пет лица! Полицијата го блокираше градот, уапси тинејџер! (ВИДЕО)

Во престрелката во Северна Каролина е убиен и полицаец кој не бил на должност.

Во главниот град на Северна Каролина, Рали, пет лица загинаа во престрелка, меѓу кои и еден полицаец. Според странските медиуми, осомничениот за престрелката е уапсен. Полицијата затворила дел од градот и на тој начин го уапсила осомничениот.

Тие организираа масовна потера која траеше неколку часа, пренесува Ројтерс. Убиениот полицаец не бил на должност во моментот на пукањето. Најмалку две лица, меѓу кои уште еден полицаец, се ранети и пренесени во болница, изјави градоначалничката Мери-Ен Болдвин на прес-конференција.

„Мораме да направиме повеќе. Мораме да го запреме ова бесмислено насилство во Америка“, рече Болдвин. Осомничениот за престрелката е бел тинејџер, кој бил вооружен со пушка, објави ВТВД. Полицијата не соопштува детали за пукањето, ниту пак соопштува нешто повеќе за околностите на апсењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП