6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНово агресивно зголемување на каматните стапки подготвуваат централните банкари

Ново агресивно зголемување на каматните стапки подготвуваат централните банкари

На Европската централна банка (ЕЦБ) и требаат уште најмалку две „значајни“ зголемувања на каматните стапки за да достигне ниво кое ниту ја ограничува ниту ја стимулира економијата. Ова за „Bloomberg“ го изјави членот на Управниот одбор на Банката, Клас Нот.

Некои функционери на ЕЦБ веќе сигнализираа дека сѐ за повторување на минатомесечното зголемување од 75 базични поени, кога следниот состанок на централните банкари ќе се одржи на 27-ми октомври.

Финансиските пазари проценуваат со веројатност од дури 97% дека тогаш ќе има уште едно агресивно зголемување на главните каматни стапки во еврозоната за 75 базични поени.

Во меѓувреме, гувернерката на Европската централна банка Кристин Лагард во средата рече дека „Европа не е во рецесија“, спротивно на критиките упатени кон ЕЦБ и покрај „многуте лоши вести“.

Говорејќи на годишниот состанок на членовите на Институтот за меѓународни финансии во Вашингтон, таа истакна дека централните банки ширум светот мора да „соработуваат“ наместо да „координираат“ и дека мора да разберат дека нивните одлуки имаат несакани ефекти. Таа истакна дека мерките на фискалната политика треба да бидат насочени кон помош на најранливите групи на општеството.

„Задоцнувањето во преносот на монетарната политика на економијата и бизнисот мора да се земе предвид додека централните банки се подготвуваат да ги донесат своите одлуки“, нагласи Лагард.

„ЕЦБ во моментов е во процес на нормализирање на монетарната политика и зголемувањето на каматните стапки е најсоодветната алатка за да се постигне тоа“, рече таа.

Банката треба да престане да ја стимулира побарувачката со оглед на ситуацијата со понудата од другата страна, посочи Лагард. Според неа, енергетската криза и високите цени на енергијата ќе продолжат да ја поттикнуваат инфлацијата во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП