29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНов напад врз „Tesla“, „Audi“ и „BMW“! Пристигна „Polestar 3“ (ФОТО/ВИДЕО)

Нов напад врз „Tesla“, „Audi“ и „BMW“! Пристигна „Polestar 3“ (ФОТО/ВИДЕО)

Атрактивниот дизајн, над 500 ks и дури 610 километри автономија се главните предности на моделот од шведско-кинеската марка.

По „Polestar 1“ кој беше „plug-in“ хибрид и „Polestar 2“ електричниот кросовер, третиот, најсериозен новитет на пазарот доаѓа од фабриката на шведскиот бренд со кинески капитал. Тоа е првиот „SUV“ понуден од марката.

Со должина од 4,90 метри, „Polestar 3“ ќе се произведува во Кина и во САД, а ќе биде поставен на нова механичка платформа.

Почетната цена е 89.900 евра, а за таа вредност се нуди електричен погон од 490 ks и 840 Nm, кој може да се зголеми на 517 ks и 910 Nm со доплата од 6.600 евра.

Во првиот случај, забрзувањето до 100 km/h трае 5, а во вториот случај се намалува на 4,7 секунди.

Теренецот тежок 2,5 тони може да развие максимална брзина од 210 km/h, а со едно полнење може да помине и до 610 km, според мерењата базирани на стандардот „WLTP“.

Таквата голема автономија на возење се постигнува благодарение на поголем пакет батерии со капацитет од 111 kWh. Автомобилот може да се полни на полначи со моќност до 250 kW.

Инаку, се работи за модел кој по големина стои до „Audi e-tron“ и „BMW iX“, но се истакнува со својот оригинален дизајн.

Останува препознатлив по предниот спојлер на врвот на хаубата, но и по „Thor’s hammer“ што го содржи во светлосните групи.

Внатре е дигитален кокпит, предводен од централен екран од 14,5 инчи.

Го користи новиот „Android Automotive OS“, еден од најнапредните оперативни системи во автомобилскиот свет.

Задниот багажник има капацитет од 484 до 1.411 литри, а предниот има симболични 32 литри.

Опремата е секако првокласна, па меѓу другото вклучува и „Brembo“ сопирачки, како и премиум аудио систем „Bowers&Wilkins“ со дури 25 звучници.

„Polestar 3“ е веќе во понуда, а првите испораки се очекуваат во четвртиот квартал од 2023-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП