18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов гаф на американскиот претседател: Рече дека неговиот син „го загубил животот...

Нов гаф на американскиот претседател: Рече дека неговиот син „го загубил животот во Ирак“(ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден говорејќи во Колорадо направи уште еден гаф. Тој истакна дека неговиот син Бо Бајден, кој почина од рак во 2015 година, „го загубил животот во Ирак“.

-Ова го кажувам како татко на човек кој ја освои Бронзената ѕвезда, медалот за истакната служба и го загуби животот во Ирак, рече претседателот Бајден за време на својот говор.

Бо, поранешен јавен обвинител на Делавер, е роден на 3 февруари 1969 година. Тој почина од рак на мозокот на 30 мај 2015 година.

Тој беше распореден во Ирак во 2009 година и доби медал од Бронзена ѕвезда за неговата служба, според Дејли Меил.

Претседателот Бајден во 2019 година рече дека мислел дека неговиот син заболел од рак од „изложеност на изгореници“ за време на неговото распоредување.

Џо Бајден во последно време често се наоѓа во непријатни ситуации, поради што е мета на критики.

На пример, на крајот на септември, на конференција за борба против гладот, тој се обиде да ја најде во публиката членката на Конгресот Џеки Валорски, која загина во сообраќајна несреќа во август.

-Џеки, дали си таму? Каде е Џеки? Мислев дека и таа ќе биде таму, збунето рече.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП