Ние, Хероините е женски форум на кој ќе се рефлектираат борбите и предизвиците на жената во различни сегменти од животот. Овој еднодневен форум има за цел да ги руши бариерите, споделувајќи мислења за одредена тематика од страна на професионалци, но и животни приказни, ставајќи акцент на вистинските прашања за кои треба сериозно да се размислува.
Една од главните цели на првата македонска женска интерактивна платформа Better Women Better World (која е организатор на овој настан) е да се споделуваат корисни информации и искуства од страна на експерти од засегнати области. Самата платформа, а особено овој форум е направен со цел да се споделат приказните од жени кои се соочувале и сè уште се соочуваат со разни предизвици во нашето општество и оние кои успеале да победат и продолжиле и после низа порази, но сепак стигнале до остварување на своите цели. „Време е почнеме да ги споделуваме препреките, предизвиците, подемите и падовите со нашата заедница и да размислиме што можеме заеднички да направиме за НИЕ (жените) да бидеме подобри, а со тоа и нашето општество“ , велат од организацијата.



