18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ232. ден војна во Украина: Петкатна зграда погодена во Николаев, Киев нападнат...

232. ден војна во Украина: Петкатна зграда погодена во Николаев, Киев нападнат од донови камикази

Градот Николаев во јужна Украина беше гранатиран во текот на ноќта, изјави градоначалникот на градот, Олександр Сенкевич, на Телеграм рано во четвртокот.

„Погодена е петкатна станбена зграда. Два од нејзините горни ката беа целосно уништени, а останатите беа под урнатини“, рече Сенкевич, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека спасувачите работат на лице место. Градоначалникот не кажа дали има повредени или загинати.

Друг јужен град, Никопол, исто така пријавил гранатирање во текот на ноќта, изјави на Телеграм пратеникот на украинскиот парламент Алексеј Гончаренко.

Гончаренко рече дека е повреден 59-годишен маж, а оштетени се околу 30 високи згради и приватни куќи, оставајќи околу 2.000 семејства без струја.

Областа на украинската престолнина Киев беше погодена од беспилотни летала камикази од иранско производство, а жителите се разбудија од сирените за воздушен напад четврто утро по ред во серијата руски напади низ земјата што започнаа во понеделникот.

Гувернерот на регионот Киев, Олексеј Кулеба, изјави дека областа околу главниот град била цел.

Засега не се знае дали има жртви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП