18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците блиску до договор?

Германците блиску до договор?

Германските владејачки партии веќе подолго време се расправаат околу судбината на преостанатите нуклеарни централи.

Енергетската криза ја доведе во прашање претходната одлука да се затвори сè до крајот на оваа година. Социјалдемократите (СПД) на канцеларот Олаф Шолц сега велат дека наскоро очекуваат договор, пренесува dpa.

Планот е две од трите преостанати нуклеарни централи да ја продолжат својата работа до пролет. Сепак, либералите (ФДП), најмалиот партнер во владејачката коалиција, сакаат да задржат сè на мрежата до 2024 година.

„Претпоставувам дека во следните неколку дена ќе имаме решение и дека за тоа ќе се разговара во Бундестагот следната недела“, изјави во средата во Берлин пратеничката на СПД, Катја Маст.

Без соодветна законска регулатива, работата на сите нуклеарни централи истекува на 31 декември. Кога станува збор за ФДП, таа посочи дека „тоа што е заеднички договорено мора да се спроведе“.

Катја Маст мислеше на договорот што лидерите на коалицијата го постигнаа на 29 септември, меѓу другото, за „одбранбен чадор“ од 200 милијарди евра за помош на стопанството и граѓаните поради скапите извори на енергија.

Во тоа време, тие исто така се согласија „сега да им овозможат на нуклеарните централи во јужна Германија да работат до пролетта 2023 година“. Станува збор за нуклеарните централи „Исар 2“ и „Некарвестајм“.

ФДП пак го повтори својот став.

„Поради енергетската криза, неопходно е преодно продолжување на работниот век на три безбедни германски нуклеарни централи до 2024 година“, изјави во вторникот за „Рајнише пост“ генералниот секретар на партијата Бијан Гир-Сарај.

Маст нагласи: „Ние не ги затворивме нуклеарните централи затоа што ги сметаме за нормална технологија, туку затоа што тоа е технологија со висок ризик“.

Таа рече и дека времето истекува поради планираното ограничување на цените на бензинот. За соодветниот закон ќе расправа Бундесратот, кој конечно треба да го усвои на седницата на 28 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП