26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШефот на Гаспром: Нема гаранции дека Европа ќе ја преживее зимата

Шефот на Гаспром: Нема гаранции дека Европа ќе ја преживее зимата

Шефот на Гаспром, Алексеј Милер, во средата изјави дека „нема гаранции“ дека Европа ќе ја преживее претстојната зима со постојните резерви на гас.

Милер побара и гаранции за понатамошната работа на гасоводот Северен тек.

„Европската унија и Германија мора да дадат јасен политички одговор дека се заинтересирани и дека сакаат да ги обноват тие врски и да дадат гаранции“, рече тој.

Тој додаде дека втората цевка Северен тек 2 исто така била оштетена во неодамнешниот инцидент кога беа оштетени руски гасоводи, „но дефинитивно нема истекување на гас“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП