22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтартува кампањата „Вложуваме во млади таленти“ поддржана од Асоцијацијата на спортски обложувалници...

Стартува кампањата „Вложуваме во млади таленти“ поддржана од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија

„Вложуваме во млади таленти“ е слоганот со кој започнува кампањата за поддршка на млади, талентирани лица, иницирана од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ). AСОМ како општествено одговорен субјект кој континуирано го остварува својот придонес кон заедницата, преку оваа кампања ќе обезбеди поттик и поддршка за развој на младите таленти, и тоа од областа на спортот, науката и уметноста.

Кампањата има за цел на младите таленти во земјава да им овозможи помош и поддршка силно и храбро да чекорат кон она во што се најдобри, а пак АСОМ, инвестирајќи во значајни проекти и активности, преку оваа кампања ќе им даде стимул за напредок на младите спортски таленти, ќе обезбеди услови за развој на генијалните млади умови и ќе им подаде рака на младите талентирани уметници, поттикнувајќи ја нивната креативност.

„АСОМ континуирано ја покажува својата посветност за придонес во заедницата, за што говорат и бројните хуманитарни активности кои ги имаме реализирано и преку кои овозможивме поддршка за многу семејства од ранливи категории или пак лица настрадани во трагични несреќи. Кампањата ‘Вложуваме во млади таленти’ е само уште еден показател дека не застануваме тука и во насока на нашата општествено одговорна практика, продолжуваме да инвестираме во иднината на државата, и тоа токму преку поддршка на младите и талентирани лица“, истакнува Васко Илијевски, Претседател на АСОМ.

Кампањата „Вложуваме во млади таленти“ всушност предвидува конкретни активности за развој на младите таленти во земјава и обезбедува финансиска помош за нивна реализација. Младите таленти кои ќе бидат поддржани со кампањата ќе добијат можност преку проекти и активности во кои ќе инвестира АСОМ да го унапредат својот талент и воедно да добијат признание за истиот.

Во рамки на самата кампања младите таленти учесници во кампањата, ќе добијат финансиска поддршка за надоградба на своето знаење, техничка опрема за развој на своите вештини, а предвидени се и средства за патувања на натпревари и фестивали каде ќе можат да бидат презентирани нивните таленти.

Преку поддршката на оваа кампања АСОМ уште еднаш покажува дека е активен чинител во општеството кој дава значаен придонес во заедницата. АСОМ заедно со своите членки ќе продолжи да работи одговорно, да создава услови за работа и кариера, да придонесува во економијата и активно да делува на полето на општествената одговорност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП