9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција, Бразил и Индонезија не се во криза

Турција, Бразил и Индонезија не се во криза

babakan1

Заменик премиерот на Турција, Али Бабакан изјави дека не постојат докази дека економската криза го променила својот облик и ги погодила земјите во развој, потврдувајќи дека најдлабоката економска криза сеуште е присутна само во развиените земји.

Бабакан за време на посетата на Кина, каде учествуваше на Светскиот економски форум, истакна дека економскиот раст на земјите во развој ќе стагнира во наредниот период.

„Земјите во развој сигурно ја научија важната и вредна лекција од финансиската и економската криза во 90-тите година, и не се толку презадолжени како некои богати индустријализирани земји“, изјави Бабакан.

Тој тврди дека воопшто не може да се каже дека земјите во развој, како Бразил Турција или Индонезија поминуваат низ економска криза.

Тој верува дека во наредните години земјите во развој и сиромашните земји многу побрзо ќе растат од развиените и богатите земји.

„Исто така, инвеститорите во наредните години многу повеќе ќе инвестираат во земјите во развој“, смета Бабакан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП