25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБајден беше запрашан дали Путин ќе користи нуклеарно оружје: Тој откри и...

Бајден беше запрашан дали Путин ќе користи нуклеарно оружје: Тој откри и што мисли за средбата со неговиот руски колега

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во средата дека се сомнева дека рускиот претседател Владимир Путин ќе употреби тактичко нуклеарно оружје додека Украина бара поголема воена помош од Западот за да се одбрани од ракетни напади врз нејзините градови.

Експлозии ги потресоа јужните градови Херсон и Мелитопол, контролирани од Русија, а во Киев се огласија сирени за воздушен напад, два дена откако Русија лансираше низа проектили врз украинските градови во големата ескалација на конфликтот.

Рускиот претседател Владимир Путин, под притисок дома да ја забрза војната откако неговите сили изгубија територија од почетокот на септември, нареди ракетни напади во понеделникот како одговор на експлозијата на мостот на Крим, за што ја обвини Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден даде интервју за Си-Ен-Ен во средата, во кое рече дека Путин е „рационален актер кој направил значајна грешка“.

На прашањето колку реално верува дека би било Путин да употреби тактичко нуклеарно оружје, Бајден одговори: „Па, не мислам така“.

-Мислам дека е неодговорно Путин да зборува за тоа, оваа идеја дека лидерот на една од најголемите светски сили вели дека може да употреби тактичко нуклеарно оружје во Украина, додаде Бајден.

Бајден рече дека заканите на Путин имаат дестабилизирачки фактор и предупреди на потенцијални грешки во проценката.

-Поентата што сакам да ја наведам е дека грешките може да доведат до ужасен исход, но не затоа што некој сака се да претвори во светска војна. Меѓутоа, кога еднаш ќе употребите нуклеарно оружје, којзнае што би се случило, рече Бајден.

Тој рече дека не гледа добра причина да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин на средината на следниот месец на самитот на Г-20 во Индонезија, додека вчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва нема да ја исклучи средбата.

-Се зависи од тоа за што Путин би сакал да разговара. Ако сакаше да зборува за затворената американска кошаркарка во Русија, Бритни Грајнер, тогаш би можеле да разговараме. Но, слушајте, неговите постапки се брутални. Верувам дека извршил воени злосторства, така што не гледам рационална причина сега да се сретнам со него, изјави Бајден за Си-Ен-Ен.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во вторникот пред новинарите во Брисел изјави дека воената алијанса не забележала никакви промени во нуклеарната положба на Русија по заканите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП