26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСнемува празни танкери за испорака на ЛНГ

Снемува празни танкери за испорака на ЛНГ

Има многу малку танкери на располагање до крајот на годината за пренос на течен природен гас преку Атлантикот, пишува „Bloomberg“.

Напорот на Европа да обезбеди зимски резерви ги зголеми рекордните трошоци за наем на бродовите, но тие сè уште се ограничени на број, велат трговците со ЛНГ.

Големите енергетски компании вообичаено ги издаваат своите танкери, но сега се воздржуваат од страв да не останат без бродови за транзит на нивниот волумен на гас во зимските месеци. Во моментов цената за изнајмување танкер достигнува рекордни 397,500 долари дневно, покажуваат податоците на „Spark Commodities“.

Се очекува наемите дополнително да се зголемат во наредните месеци бидејќи комуналните претпријатија даваат сѐ од себе за да обезбедат гас за своите корисници. Во оваа ситуација, купувачите без сопствени пловни објекти стравуваат дека може да испадне дека воопшто нема да можат да ангажираат транспорт за купените количини на ЛНГ.

Капацитетите за складирање на гас во Европа се веќе полни до 91% од нивниот капацитет, според податоците од „Gas Infrastructure Europe“ (GIE). Ова е исто така фактор во побарувачката за танкери. Недостатокот на простор за складирање доведе до тоа некои компании да ангажираат танкери да останат во пристаништата како пловечки платформи за складирање на гасот. Ова го намалува бројот на бродови кои „преминуваат“ меѓу терминалите, носејќи суровини.

Во моментов тешко се наоѓаат и бродови за Азија и многу добавувачи ги нудат договорите до терминалот за гасификација, односно без опција за испорака со танкер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП