Финското Министерство за здравство и социјална заштита ги повика граѓаните помлади од 40 години да купуваат таблети со јод како превентивна мерка во случај на закана од нуклеарно зрачење, јавуваат финските медиуми.
Аптеките останаа без апчиња неколку часа по соопштението на министерството. Здружението на фински фармацевти преку соопштение потврди дека таблетите со калиум јод привремено се распродадени во сите аптеки во земјава и наскоро повторно ќе бидат достапни.

