4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHTC отпушта 20 % од вработените

HTC отпушта 20 % од вработените

htc1

Компанијата „HTC“, која во моментов вработува 150 лица, планира да отпушти 20 проценти од вработените, односно околу 20 лица.

Од компанијата која се занимава со производство на смартфони соопштија дека овој потег е со цел да се оптимизира работењето и да се подобри ефикасноста, овој потег, исто така, ќе и помогне на компанијата да започне со новата фаза на раст и иновациите, пренесуваат агенциите.

Од „HTC“ порачаа дека вработените кои ќе бидат отпуштени ќе бидат третирани со почитувањето кое го заслужуваат и ќе им се обезбедат услови со кои полесно ќе го поминат патот до наредното вработување.

Од друга страна, американското одделение и понатака продолжува да бара работници за стратешките позиции.

Иако неодамна се појавија гласини дека акционерите на „HTC“ сакааат да го сменат Питер Чоу од позицијата извршен директор, од компанијата ја демантираа таа вест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП