8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТројката го мери пулсот на Лисабон

Тројката го мери пулсот на Лисабон

portugalija1

Португалската економија и понатака е нестабилна, трошоците за задолжување во последните месеци повторно бележат раст, и покрај тврдењето на властите во Лисабон дека земјата е на пат да излезе од програмата за помош во 2014 година.

Меѓународниот монетарен фонд, Европската комисија и Европската централна банка, започнаа нова ревизија на здравствената состојба на португалската економија.

Лисабон вети дека ќе спроведе голем број на реформи во замена за излез од програмата за помош, започната во 2011 година.

Со посетата на т.н. „тројка“ ќе се дефинира дали земајата ќе прими нова транша помош, пишува Би-Би-Си.

Сепак, се стравува дека економијата на Португалија сеуште е слаба, но и покрај најголемата стапка на невработеност, забележала раст од 1,1 проценти во вториот квартал оваа година.

Претставниците на ММФ, ЕК и ЕЦБ требаше да го посетат Лисабон уште во јули, но посетата беше одложена поради политичката криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП