28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРускиот генерал Суровикин испрати застрашувачка порака до Украинците

Рускиот генерал Суровикин испрати застрашувачка порака до Украинците

Генералот на руската армија Сергеј Суровикин зборуваше по жестокото гранатирање на Киев и други делови на Украина.

„За непријателите на Русија утрото не започнува со кафе“, рече Суровикин, коментирајќи ги утринава нападите врз Киев.

Украинската престолнина е гранатирана од раните утрински часови, при што загинаа најмалку пет лица.

Освен Киев, руски гранати погодија уште најмалку осум украински градови.

Во моментов ситуацијата е критична во Запорожје, кој се наоѓа во прилично небезбедна зона, со оглед на тоа што овој град е дом на најголемата нуклеарна централа во Европа.

Инаку, овој град во текот на претходните денови беше цел на руските сили, а токму во тие гранатирања за првпат беа употребени ирански камикази беспилотни летала. Сепак, денешниот напад беше далеку поинтензивен од сите претходни.

Кога станува збор за Харков, еден од првите градови што Украина го врати за време на големата контраофанзива, експлозиите ја оштетија електричната мрежа во овој град и целиот град е без струја.

Она што ги исплаши дури и оние кои не живеат во Украина е фактот што гранатите не го заобиколија градот Лавов – кој се наоѓа не толку далеку од Полска, односно ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП