20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган: Додека сум јас на власт каматните стапки ќе се намалуваат

Ердоган: Додека сум јас на власт каматните стапки ќе се намалуваат

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека каматните стапки во оваа земја ќе се намалуваат додека тој е на власт и ги повика инвеститорите да го искористат евтиното задолжување.

Министерот за финансии Нуредин Небати го поддржа неговото противење на зголемувањето на каматните стапки. Тој посочи дека Владата го отфрла економскиот модел кој подразбира дека инфлацијата се ублажува со зголемување на каматните стапки.

Производство и вработување

Ердоган претходно и предложи на Централната банка да ги намали каматните стапки и, според турските медиуми, се очекува нивната сума да биде едноцифрена до крајот на оваа година. Каматната стапка е намалена на 12 отсто во последните два месеци.

-Иако таканаречените економисти продолжуваат да зборуваат за каматните стапки, ние ќе продолжиме да го поддржуваме производството и вработувањето. Се додека вашиот брат е на оваа позиција, каматите ќе бидат пониски секој ден и секоја недела. Нека дојде инвеститорот да побара кредит од нашите државни банки. Нема да им отежнуваме со каматите. Инвестициите не доаѓаат кога каматните стапки се високи, рече тој при посетата на регионот Баликесир.

Инфлацијата во Турција е 83 отсто

Ердоган се противи на зголемувањето на каматите, бидејќи смета дека тие „богатите ги прават побогати, а сиромашните посиромашни“. За него тие се „најголемиот непријател“ и „мајката на сите зла“. За разлика од повеќето економисти, тој смета дека пониските каматни стапки резултираат со пониска стапка на инфлација, пишува Daily Sabah.

Инфлацијата во Турција е 83 отсто и е највисока во последните 24 години. Но, организацијата наречена Истражувачка група за инфлација (ENAG) верува дека вистинската стапка на инфлација е повисока од 186 проценти. Еден долар моментално е повеќе од 18 лири.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП