13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПутин ги потврди нападите врз украинските градови, се заканува со остар одговор...

Путин ги потврди нападите врз украинските градови, се заканува со остар одговор на тероризмот

Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека руската армија денеска извршила напади на неколку локации во Украина.

Во видео-обраќање тој рече дека ракети со долг дострел погодиле енергетски, воени и комуникациски објекти, пренесува Би-Би-Си.

Путин вети „остар“ одговор на секој нов „терористички“ чин на руска територија.

Се очекува Путин денеска да се сретне со Советот за национална безбедност за да разговара за експлозијата во саботата која урна дел од мостот што го поврзува Крим со континентална Русија, за што тој ја обвини Украина.

Најмалку четири експлозии утрово се слушнале во центарот на Киев. Украинските медиуми јавуваат дека цел биле и Днепро и други градови. Ова е првпат Киев да биде погоден по неколку месеци. Ова се најобемните руски удари од првите денови на војната.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави претходно денеска дека тој и неговиот руски колега Владимир Путин се договориле за распоредување на заеднички регионални трупи. Тој рече дека преку неофицијални канали бил „предупреден за напад врз Белорусија од територијата на Украина“. Колкава ќе биде таа воена група и каде ќе биде распоредена сè уште не е познато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП