28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраинската економија се намали за 30 отсто

Украинската економија се намали за 30 отсто

Економијата на Украина се намали за 30 отсто во првите три квартали од 2022-ра година во споредба со истиот период минатата година, најмногу поради руската инвазија, објави „Reuters“, повикувајќи се на соопштение на Министерството за економија на Украина.

Лошото време во септември ја забави жетвата и тоа имаше улога и во контракцијата на економијата, како и прекините во снабдувањето од АЕЦ Запорожје.

Извозот во септември се зголеми за 23 отсто во однос на август, што е највисоко ниво од почетокот на војната. Во голема мера, ова се должи на меѓународно посредуван договор за испорака на жито од украинските пристаништа на Црното Море.

„Ситуацијата на фронтот во септември се подобрува, но непријателот продолжува да ја гранатира украинската територија, што врши притисок врз деловната клима и логистиката“, соопшти Министерството.

„Покрај тоа, уништувањето на производствените погони, инфраструктурата и станбените згради, како и неизвесноста колку долго ќе трае војната, го попречуваат развојот и го одложуваат закрепнувањето“, додаде Министерството.

Во јули, централната банка на Украина соопшти дека економијата може да се намали за една третина во 2022-ра година и се очекува да порасне меѓу 5 и 6 отсто во 2023-та и 2024-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП