22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусите за првпат ќе имаат бројчана надмоќ на украинците: Штом почне првиот...

Русите за првпат ќе имаат бројчана надмоќ на украинците: Штом почне првиот мраз, фронтот ќе експлодира

Русите, вклучително и армиите на републиките во Донбас кои им се приклучија на вооружените сили на Руската Федерација, преминаа на „стратешка одбрана“. Тие имаат неколку големи причини за тоа.

Мобилизираните војници сè уште минуваат низ дополнителна обука и се „класифицирани“ во единици.

Целата специјална операција доби нов врховен командант – армискиот генерал Сергеј Суровикин, а тој ќе ја „преземе работата“ во наредните денови.

На Русите им одговара што украинската рамнина во есенските месеци ќе биде тешко проодна за воени возила. И со првите тешки мразови, Русија веќе ќе може да води војна во Украина со половина милион војници. Украина за прв пат од 24 февруари ќе биде лишена од нумеричка супериорност на фронтовите. Па дури и во последните денови, бидејќи Русите се во „стратешка одбрана“ и со некои веќе пристигнати резервни сили, не може никаде да навлезе (од 8 октомври се обиде три пати према Керсон).

Инаку, Суровикин беше јавно пофален од претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, кој со недели е незадоволен од темпото и резултатите на специјалната воена операција.

Тој нагласи: „Суровикин го познавам 15 години и убеден сум дека ќе ја подобри ситуацијата“. Сега нашите трупи се во добри раце. Генералот Суровикин е искусен воин. Силен и далекусежен командант. За него патриотизмот, честа и достоинството се секогаш над се“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП