2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСарачини: Протокот на стоки, услуги и луѓе од Македонија и Косово се...

Сарачини: Протокот на стоки, услуги и луѓе од Македонија и Косово се одвива непречено

saracini56

Министерот за економија Ваљон Сарачини заедно со потпретседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски вчера на полноќ лично го посетија граничниот премин Блаце за да се уверат дека и практично почна да се реализира слободниот проток на стоки, луѓе и услуги меѓу Република Македонија и Република Косово.

Косово го укина ембаргото за македонски производи, а беше тргната и влезната такса за косовските жители, како и блокадите од транспортерите од „Макамтранс“, кои шест дена седеа на Јажинце и Блаце.

– На мое огромно задоволство и официјално можам да кажам дека недоразбирањата помеѓу Косово и Македонија се надминати. Тоа значи дека отсега проткот на стоки, услуги и движењето на граѓаните од двете земји ќе се одвива непречено. Како што кажав и на почетокот, мој врвен приоритет беше изнаоѓање на решение и надминување на состојбата и тоа е постигнато како резултат на залагањата на двете влади, изјави Сарачини по посетата.

Според министерот за економија, Косово и Македонија се значајни партнери и во интерес на двете земји е да ги јакнат своите односи и на политички и на економски план.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП