15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏенет Јелен за одлуката на ОПЕК+:„Тоа не беше од помош, а ни...

Џенет Јелен за одлуката на ОПЕК+:„Тоа не беше од помош, а ни мудро“

Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави денеска дека одлуката на картелот ОПЕК + да го намали производството на нафта „не била од помош, ниту мудра“.

Да потсетиме, нафтениот картел минатата недела одлучи да го намали „пумпањето“ нафта за два милиони барели дневно.

„Неизвесно е каков ќе биде конечниот ефект од тоа, но секако, тоа е нешто што, за мене, не изгледа исправно под овие околности“, изјави Јелен за Фајненшл Тајмс.

Таа одби да коментира за можниот одговор од администрацијата на Бајден, но рече дека ограничувањето на цените на нафтата е „особено корисно за земјите во развој кои се борат со високите цени на енергенсите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП