5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗнаете ли зошто работиме 8 часа на ден?

Знаете ли зошто работиме 8 часа на ден?

rabota

Неодамна, Американците го прославија Денот на трудот и на еден ден ги затворија вратите на своите канцеларии, со цел да го поминат денот со семејството. Остатокот од светот, Денот на трудот го одбележува на првиот ден од месец мај, кога работниците во САД ја почнаа борбата за осум-часовен работен ден.

Иако во 1867 година во Илиноис е донесен закон, со кој им се гарантира на работниците осум-часовен работен ден, работодавците на почетокот не го прифаќаа тоа.

На 1 Мај истата година, во Чикаго започнал штрајк кој се претворил во судир помеѓу полицијата и демонстрантите. Полицијата незадоволните работници ги притиснала со сила и на тој начин им овозможила на работодавците да продолжиат да го кршат законот.

Претседателот на Соединетите Американски Држави во 1869 година издал проглас со кој на државните работници им гарантира осум-часовен работен ден, но работниците во приватниот сектор можеле само да се надеваат дека законот на државата ќе им овозможи и на нив еднакви права.

На крајот на 19-тиот и почетокот на 20 век, синдикатите успеале да се изборат за осум часа на работа на ден за индустриските работници, но на повеќето Американци тоа им пошло од рака во средината на педесетите години од 20-тиот век.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП