25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСедми проектил за две неделни: Северна Кореја истрела уште една балистичка ракета

Седми проектил за две неделни: Северна Кореја истрела уште една балистичка ракета

Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета во правец на Источното Кинеско Море, соопшти јужнокорејската војска.

Ракетата паднала надвор од јапонската ексклузивна економска зона (ЕЕЗ), соопшти крајбрежната стража.

ЕЕЗ е заштитена погранична зона на Јапонија која се протега од заливот Токио до островите Изу и Огасавара.

Последната ракетна проба на Северна Кореја е седма за само две недели, а се сомнева дека е поврзана со претстојната посета на американскиот потпретседател Камала Харис на Тајланд, потсетува Дејл Меил.

Јужна Кореја и САД во петокот и денеска спроведоа заедничка поморска воена вежба на која учествуваше и американскиот носач на авиони на нуклеарен погон „Роналд Реган“, по заедничката вежба меѓу двете земји со Јапонија во четвртокот.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида го осуди петтото лансирање минатата недела и ги нарече акциите на Северна Кореја „варварски“.

Тој истакна дека Владата ќе продолжи да собира и анализира информации за ова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП