16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон: Следните две зими ќе бидат тешки поради проблеми со снабдувањето со...

Макрон: Следните две зими ќе бидат тешки поради проблеми со снабдувањето со гас

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по самитот на ЕУ во Прага предупреди дека зимата следната година и 2024 година за Европејците ќе биде уште потешка од претстојната, поради проблемите со снабдувањето со гас.

Францускиот претседател им рече на новинарите дека Европа ќе ги интензивира разговорите со добавувачите на гас и ќе ги координира набавките со главните азиски партнери, како и ќе воспостави механизми за обезбедување финансиска солидарност меѓу европските земји за купување енергија, објави „Ројтерс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП