3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРаботи кои сте ги мразеле како деца а сега ги обожавате

Работи кои сте ги мразеле како деца а сега ги обожавате

deca

Постојат работи кои повеќето деца на рана возраст не можат да ги смислат, но подоцна во животот навистина уживаат во нив. Детскиот мозок и карактер се сосема различни од оние на возрасните, така што постојат многу работи на кои гледаме поразлично кога ќе пораснеме. Ви ја претставуваме листата на неколку работи коишто сте ги мразеле како деца, а сега многу повеќе ги цените.

Салати, спиење и вести

Салата – една од работите на која што сите сме се муртеле и сме одбивале да јадеме, а денес ја сакаме повеќе од било што друго. Ги сакаме сите можни видови на салати и зеленчуци, не само затоа што тие се добри за нас, бидејќи тие се навистина вкусна храна, за што не сме биле свесни само затоа што не принудувале да ја конзумираме.

Истото е и со попладневното дремење. Колку што сме го мразеле моментот кога родителите ќе не испрателе во соба да поспиеме попладне, денес толку копнееме за тие далечни времиња кога имавме време и можност да се исклучиме од се во средината на денот.

Браќата и сестрите – се разбира не сте ги мразеле, но веројатно повеќе сте се тепале и карале отколку што сте биле во добри односи. Сето тоа е нормално, но кога ќе пораснете, ќе сфатите дека браќата и сестрите се единствени пријатели кои никогаш нема да ве напуштат, и дека ништо на светот не може да ги замени.

Вестите се исто така една од работите што ги мразите, бидејќи вашите родители секогаш ги ставале пред цртаните филмови и игрите. Колку и да сте уживале во цртаните филмови, точно во 19:30 се менувал каналот за да се гледаат вестите без да ве прашаат. Тоа понекогаш сигурно многу ве нервирало, но сега не можете да го замислите вашето утринско кафе без некој весник, а вестите ги следите редовно на телевизија и на интернет.

 

Шишање и алкохол

Шишањето е активност која ниедно дете не ја поминало без викање и плачење. Денес сте среќни ако најдете време да си ја средите фризурата. Претходно нечии ножици околу вашата глава биле вашиот најлош кошмар, а денес се вашите расцветани врвови и пораснатата коса.

Алкохол – повеќето од нас го натопувале својот прст во пивото или ракијата на татко си за да го дознаете вкусот на пијалоците кои не ви се дозволени да ги пиете. По дегустацијата секогаш следувале гримаси и ветување дека нема шанси такво нешто некогаш да ставите во себе. Не сме ни свесни дека се лажеме, затоа што неколку години подоцна, повеќето од нас го конзумираат доста често и уживаат во тоа.

 

Семејни одмори, одење на училиште и испраќање под казна во соба

Долгото возење во автомобил за време на детството сте го прекинувале со „Дали стигнавме?” на секои пет минути. Денес пак уживате во долгото возење со автомобилот, особено ако патувате со друштвото на одмор или на некоја друга прошетка.

Истото важи и со спротивниот пол, каде девојките ги презираат момчињата и обратно. Тоа се случува се додека не дојде време, кога тие почнуваат да се почитуваат еден со друг на еден сосема поинаков начин, и да сфатат дека си се многу потребни едни на други.

Испраќањето под казна во својата соба некогаш била најголемата казна во светот, а сега сонувате некој да ве затвори во собата и цел ден да лежите во кревет и да гледате серија, или да правите нешто што ве прави среќен или ве забавуваа. И семејните одмори исто така ве нервирале, но сега веројатно би биле многу благодарни доколку ве земат на одмор негде каде што ќе ви биде сè платено, а вие треба само да се забавувате и да се релаксирате.

Одењето на училиште, исто така го мразат речиси сите, се додека не сфатат дека тоа е најдобриот и најопуштен период од нивниот живот. Ниту шопингот со своите родители на многумина не им се допаѓа, а откако ќе пораснат веројатно би биле среќни некој да ги одведе на шопинг и да им плати за се што сакаат да купат.

 

Постојат многу работи на кои децата и возрасните гледаат различно, но заклучокот е ист. Не сте биле свесни за она што сте го имале како дете, па не сте можеле да уживате многу во тоа. Сепак, секогаш постои начин накратко се вратите во детството, и да уживате во работите за кои денес немате доволно време и можности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП