17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ227. ден војна во Украина: Пожар на мостот на Крим, сообраќајот запрен...

227. ден војна во Украина: Пожар на мостот на Крим, сообраќајот запрен (ВИДЕО)

Цистерна во задниот дел на товарниот воз денеска се запалила додека минувала преку Кримскиот мост, соопшти прес-службата на Кримската железница.

-Се запали резервоарот за гориво во задниот дел на товарниот воз, локомотивата и неколку вагони зад неа се возени до железничката станица во Керч. Постапката за одговор при итни случаи е во тек. Причините за инцидентот се утврдуваат, се наведува во соопштението.

Претходно руските власти на Крим соопштија дека на мостот на Крим се запалил објект за кој се верува дека е резервоар со гориво, но дека патеките на вијадуктот не се оштетени.

-Рано е да се зборува за причини и последици. Работата на гаснење на пожарот е во тек“, напиша помошникот на лидерот на Крим, Олег Крјучков, на својот Телеграм канал – пренесува ТАС С.

Во меѓувреме, претставник на Руската Федерална агенција за патишта (Автодор) за ТАС С изјави дека движењето на возилата преку мостот Крим е прекинато поради инцидентот.

– Сообраќајот е привремено во прекин, рускиот персонал на Министерството за вонредни ситуации и патната служба работат на лице место на гаснење на пожарот, рече таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП