23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд полноќ дизелот ќе поскапи за три денари

Од полноќ дизелот ќе поскапи за три денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,59 % во однос на одлуката од 5.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините од 1,746 %, кај дизелот од 6,212 %, кај екстра-лесното масло од 5,997 % и кај мазутот зголемување е 2,307 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 1,216 %.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 3,00 денари/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 2,50 денара/л. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 1,024 денар/л и сега ќе изнесува 51,252 денар/кг. Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ не се менуваат.

Од 8.10.2022 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 86,50 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 89,00 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 97,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 94,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 51,252 (денар/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 8.10.2022 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП