24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW“ најави четири нови модели

„BMW“ најави четири нови модели

„BMW“ поднесе апликација која покажува дека има намера да произведе четири целосно нови електрични теренци.

Станува збор за моделите „iX6“, „iX7“, „iX8“ и „iX9“, чии имиња се регистрирани во Германија, а кои го следат начинот на именување на електричните теренци на „BMW“.

Овие имиња првпат се појавија пред пет години, но пред да почне електрификацијата во индустријата. Апликацијата за заштита на името е показател дека „BMW“ го интензивираше развојот на својата понуда на електрични теренци.

Сите споменати модели се поголеми од моделот „iX3“, а „iX6“ е веројатно возило со средна големина, додека другите припаѓаат на сегментот со целосна големина. Сепак, иако „iX6“ и „iX7“ лесно имаат смисла, помалку е јасно каква форма ќе имаат „iX8“ и „iX9“.

„BMW iX6“ би требало да биде електричен „SUV“ во стил на купе со сличен дизајн на „X6“. Интересно, нема навестување за знакот „iX4“, но гласините сугерираат дека овој модел навистина ќе пристигне за да го замени конвенционалниот „X6“ и дека ќе се базира на платформата „Neue Klasse“.

За „iX6“ се зборуваше и претходно, но неговото доаѓање се очекува дури во април 2028-ма година. Со оглед на тоа што веројатно ќе одговара на големината на „iX“, се очекува да биде придвижуван од два електромотори кои ќе испорачаат повеќе од 600 ks во најмоќната верзија. Можна е и помалку моќна верзија со погон на задните тркала.

„BMW iX7“ ќе биде електрична верзија на „X7“ со три реда седишта, а овој модел е потребен за да му парира на теренецот „EQS“ на „Mercedes“. Сепак, тоа се очекува дури во август 2027-ма година. Како еден од водечките теренци на „BMW“, би требало да биде блиску по моќ до седанот „i7“, кој развива 536 ks.

Моделот „iX8“ ќе има линија на покривот што паѓа и поостра динамика на возење во споредба со „iX7“. Материјалите и технологијата во внатрешноста ќе бидат врвни, односно најдобри, но во овој случај фокусот нема да биде на перформансите како во случајот со моделот „XM“. Бидејќи е целосно електричен, „iX8“ нема директно да ја канибализира продажбата на „XM“, кој всушност е „plug-in“ хибрид со V8 мотор.

Најновиот во серијата е „iX9“, електричен „SUV“ со три реда седишта позиционирани над „iX7“. „X7“ моментално е најдолгиот модел во гамата на „BMW“, но има уште поголеми теренци како „Rolls-Royce Cullinan“ и „Cadillac Escalade ESV“.

Иако „Rolls-Royce“ е во сопственост на „BMW“, треба да се очекува дека „iX9“ ќе биде позициониран како најдобар „SUV“ на „BMW“ со огромна цена и неспоредлив комфор. Ќе биде помалку спортски од помалите модели „iX“, а задните седишта ќе бидат опремени со сите „BMW- играчки“ вклучувајќи го и екранот „Bishop“ кој дебитираше во новата „седумка“. „Rolls-Royce“ исто така се префрла на електрични модели, па „iX9“ може да има многу заедничко со идниот електричен „Cullinan“.

Сите електрични теренци се очекува да го усвојат дизајнерскиот јазик на „BMW“ за „EV“, како што се сините надворешни детали и значки и уникатна графика на инструментите. Засега не е познато кога ќе пристигнат „iX8“ и „iX9“, но не се очекуваат пред помалите модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП