29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛеклер: Жени во Ф1? Ако се добри возачи, а не како социјална...

Леклер: Жени во Ф1? Ако се добри возачи, а не како социјална порака

Возачот на Ф1 тимот на Ферари, Шарл Леклер, во интервју за италијанскиот „Кориере дело спорт“ зборуваше за можноста жените да се натпреваруваат во Формула 1. Тој истакна дека секоја девојка која би се натпреварувала во Формула 1, пред се треба да биде добар возач.

„Ги следам женските трки веќе некое време. Џејми Чедвик вози навистина добро и би било фер да и се даде шанса да се натпреварува во Формула 3 или Формула 2. Да се ​​надеваме дека еден ден некоја девојка ќе се приклучи на Формула 1. Ако тоа е случај, таа девојка пред се треба да биде добар возач, а не да дозволи сето ова да биде некаква социјална порака“, рече Леклер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП