13 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКинезите открија гориво на иднината, и тоа на Месечината

Кинезите открија гориво на иднината, и тоа на Месечината

Кинеските научници пронајдоа нов лунарен минерал во форма на кристал кој бил скриен во примероците собрани на Месечината во 2020 година. Кина е третата земја, по САД и поранешниот Советски Сојуз, која откри нов минерал на нашиот небесен придружник.

Новиот минерал е пронајден во честички од базалт на Месечината кои се тестираат во лаборатории во Кина. Changesite-(Y), именуван по кинеската митолошка божица на месечината, Chang’e, е фосфатен минерал и колонообразен кристал.

Ова откритие го направија истражувачите од пекингшкиот Истражувачкиот институт за геологија на ураниум, кои пронајдоа единствен кристал Changezite-(Y) користејќи дифракција на Х-зраци додека ги проучуваа честичките собрани на Месечината.

Комисијата за нови минерали, номенклатура и класификација (CNMNC – Commission on New Minerals, Nomenclature and Classification) на Меѓународната минералошка асоцијација (International Mineralogical Association – IMA) потврди дека станува збор за нов минерал, јавуваат кинеските државни медиуми.

Мисијата „Change-5“, која слета на месечевиот Oceanus Procellarum во декември 2020 година, беше првата мисија за враќање на примероци од Месечината од 1970-тите.

Мисијата собра 1,73 килограми примероци од лунарната почва и безбедно ги достави на Земјата, што доведе до серија откритија. Кристалите на минералот беа исклучително мали, околу една десетина од големината на човечко влакно.

Следната кинеска лунарна мисија, Chang’e-6, се очекува да се обиде да ги собере првите примероци од далечната страна на Месечината што никогаш не гледа на Земјата.
Дали Changesite-(Y) е потенцијален извор на хелиум-3, горивото на иднината.

Кинезите тврдат дека новооткриениот минерал содржи хелиум-3, изотоп кој многу научници го прогласија за идеално гориво за реактори со фузија, поради што откритието на кинеските научници предизвика голем интерес кај геолозите, со оглед на тоа што се верува дека хелиум-3 има потенцијал да го промени светот.

Научниците уште од програмата Аполо знаат дека површината на Месечината содржи залихи на хелиум-3. Главната предност на фузијата на хелиум-3 над фузијата со користење на тритиум и деутериум, изотоп на водород, е тоа што не произведува радиоактивни неутрони. Нејзиниот главен недостаток е тоа што постигнувањето на контролирана реакција на фузија со хелиум-3 е многу потешко отколку користењето на повеќе конвенционални горива.

Токму затоа не е чудно што светските сили развиваат вселенски програми за повторно враќање на Месечината – наука, трговија, но и фалење кое се претвора во мека политичка моќ. Сепак, откритието на кинеските научници за постоењето на хелиум-3 упатува на заклучокот дека Месечината би можела да стане идниот „Персиски залив“ од средината до крајот на 21 век.

Чистата и масивна енергија на фузија би го променила светот на начини што тешко може да се предвидат. Се разбира, останува проблемот да се активира технологијата за фузија на хелиум-3 и веројатно нема да стане реалност пред средината на овој век.

Затоа се чини дека Месечината наскоро ќе стане бојно поле на големите сили, бидејќи земјата која го контролира изворот на енергија што ќе ја одржува технолошката цивилизација и ќе ја заштити планетата од климатските промени ќе ја контролира целата Земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП