28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМакрон: Војната во Украина ќе заврши на преговарачка маса кога Украина ќе...

Макрон: Војната во Украина ќе заврши на преговарачка маса кога Украина ќе одлучи

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во Прага дека војната во Украина мора да заврши на преговарачка маса, но во време и под условите кои ќе ги одберат Украинците, бидејќи тие се жртви на агресија и дека Европа ќе продолжи да живее покрај Русија и после војната. „Таа војна мора да заврши на преговарачка маса во моментот и под условите што ги избраа Украинците бидејќи тие се жртви на агресија. Дали мислам дека дојде часот? Не. Сега живееме среде војна“, рече Макрон.

Макрон, кој денеска на самитот на новата европска политичка заедница, на кој се собраа лидерите на 44 европски земји, со исклучок на Русија и Белорусија, предупреди дека санкциите против Русија не смеат да се заобиколат.

„Знам дека во неколку земји избувнаа протести за поддршка на Русија и против санкциите. На сите кои се сомневаат во нашата политика, сакам недвосмислено да им порачам – претседателот Путин, никој друг не реши да војува. Ова го велам како некој кој направи се во последните пет години за да воспостави искрен дијалог со него“, рече Макрон.

Францускиот претседател ја одбележа политиката на Европската унија, која и помага на Украина со оружје и финансиски, не учествува во самата војна, притоа воведува санкции против Русија за реалистичка политика.

„Не може да има мир во Европа доколку не се почитува суверенитетот на државите и неповредливоста на границите. Дали некој на нашиот континент сака повторно да потоне во агресија еден против друг? Добро знаеме какви гранични спорови би можеле да избијат во Централна Европа или на Балканот доколку дозволиме такво решение“, рече францускиот претседател.

Емануел Макрон предупреди дека ЕУ мора да живее до Русија.

„Руската средна класа се отвори кон Европа и сака да живее како што живеат луѓето во Прага, Берлин, Париз, Варшава, Милано. Таква е реалноста. Тие луѓе ќе имаат различни аспирации од нивната сегашна влада. Но, денес нема време за такви размислувања, војната трае. Ќе видиме кога ќе дојде мирот“, рече Макрон.

По повод самитот на европската политичка заедница во Прага, што е негова идеја за средба со ЕУ со земјите од стариот континент кои имаат амбиција да влезат во ЕУ или ја напуштиле, како и оние кои се дел од заедничкиот пазар, Макрон предупреди дека ЕУ малку разговара со соседите.

„Кризите во последните години покажаа дека во ЕУ имаше многу спротивставени ставови. Разговаравме за технички прашања како што е функционирањето на пазарите, но не и за Русија или Турција. Се покажа дека нашата политика кон тие земји често се разликува бидејќи имаме различни истории“, рече Макрон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП