19 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико Мадрид оди на продажба

Атлетико Мадрид оди на продажба

Сопствениците на Атлетико Мадрид, семејството Хил Марин, бара купувач за клубот. Според шпанските медиуми, причина за тоа се сериозните финансиски загуби во текот на оваа година.

„Мигел Анхел Хил Марин знае дека поседува високо ценет клуб, но оваа година има загуби од 40 милиони евра, што е проблем. Доколку клубот продолжи да акумулира загуби, ќе биде неопходно зголемување на капиталот, па Хил Марин и Енрике Серезо може да го изгубат својот мнозински удел и контролата над клубот и не се подготвени да преземат таков ризик. Цените што се плаќаат за клубовите во Шпанија се ниски во споредба со оние во Англија. Но, клубот е на пазарот“, пишува „Марка“.

Во исто време, сопствениците на Атлетико Мадрид бараат итна зделка, бидејќи испаѓање од Лигата на шампионите пред осминафиналето драстично ќе ја намали цената.

„Во Атлетико зборуваат за загуба од 40 милиони, а тоа не е одржливо во фудбалот. Ако го продадат Жоао Феликс за 40 милиони, со оглед на тоа што го купиле за 130, тоа би било поразително“, анализира Едуардо Инда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП