26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза објави Билтен за месец септември 2022

Македонска берза објави Билтен за месец септември 2022

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.09 – 30.09.2022 година вкупниот промет изнесувал 475.051.376 денари и е зголемен за 44,61 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 325.965.486 денари и е зголемено во однос на август за 27,33 отсто кога изнесувало 255.992.957 денари. 

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 314.032.760 денари и обврзници во вредност од 11.932.726 денари.

Блок трансакциите во септември изнесувале 149.085.890 денари и се зголемени за 105,60 отсто во однос на август.

Бројот на трансакции во септември изнесувал 1.592 и е зголемен за 49,34 отсто во однос на август кога изнесувал 1.066.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за септември се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Гранит АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за септември 2022 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП